Спијте во ладна соба и ќе бидете поздрави

Често се случува да се будите ноќе, сонот ви е нарушен и неквалитетен. Размислете, можеби во вашата соба е претопло. Температурата на воздухот во зима, колку и да ви е ладно, има големо влијание на вашиот сон. Најдобро е ако термометарот покажува измеѓу 15 и 19 степени.

Меѓутоа, ако температурата е поголема од 24 степени или пониска од 13 степени, тоа може да доведе до често будење. За да не ви се случува тоа лесно облекувајте се за спиење. Ако спиете во пижами не го облекувајте долниот дел, а долгите ракави заменете ги со маица на кратки.

Кога почнува спиењето

Нашата телесна температура природно расте и опаѓа во текот на 24 часа. Најмногу е во доцните попладневни часови, а најниска е во 5 часот наутро. Спиењето обично почнува кога ќе ни падне телесната температура, па ладната спална соба може да ве поттикне побрзо да заспиете.

Ќе имате помирен сон

Фото: Пиксабеј

Некои видови на несоница се резултат  на лошото регулирање на телесната температура. Ако ви е тешко да заспиете навечер, ладната спална соба ќе ви помогне да ја снижiте телесната темперетура помагајќи ви за длабок сон.

Побавно ќе стареете

Спиењето во соба со пониска температура од 21 степен го поттикнува излачувањето на мелатонин во телото, кој е еден од најдобрите телесни хормони против стареење. Спијте во ладна соба и вашето тело ќе ви биде благодарно.

Ќе изгубите килограми

Фото: Пиксабеј

Кога ќе падне телесната температура коритзолот се намалува, што ќе ви овозможи квалитетен сон. Ако сте личност која не спие доволно, често се буди и станува во текот на ноќта, ќе пробудите  со вашето ниво на коритзол-што значи дека прво ќе пронајдете нешто слатко, макар и еден колач. Ќе го изедете и со тоа ќе ја зголемите можноста за појава на анксиозност, што значи дека освен вишокот на килограми може да имате и психолошки проблеми.

Го намалувате ризикот од појава на дијабетес

Едно истражување открило дека спиењето во спална соба на 19 степени помага во спречување на појавата на дијабетесот. Учесниците не само што согорувале повеќе калории во текот на денот, туку и наскоро ги удвост дуплирале количините на телесни масти кои му помагаат на телото да складира помалку калории. Спиењето во ладна просторија или туширање со ладна вода создава често покачување на внатрешната температура на телото што му помага на зајакнување на имунолошкиот систем и забрзување на метаболизмот, особено во моментите кога се опуштаме.

Видео на денот