Спектакл во Бразил: Магнусен до првата пол позиција во Ф1 кариерата

Кевин Магнусен („Хас“) доминираше во квалификациите во Бразил/фото: EPA-EFE/Jose Mendez

Данскиот возач Кевин Магнусен ги шокираше сите во Бразил, откако постигна најдобро време во квалификациите за спринтерската трка и ја освои првата пол-позиција во кариерата.

Доколку мислевте дека одбраната на титулата на Макс Ферстапен е крај на возбудувањата во Формула 1 за 2022 година, сте се излажале. Остануваат уште две трки до крајот на сезоната, а очигледно многу возачи сакаат да докажат дека имаат што да покажат во оваа година.

Овој пат, од никаде, се појави Магнусен, Данецот во Хас е веројатно последната личност на која би се обложил за да стигне до пол-позицијата. Особено што неговиот соиграч Мик Шумахер го зазеде последното место. Во богатата Ф1 историја ретко се случувало двајца возачи од ист тим да бидат на првата и последната позиција во квалификациите, без некои казни или дефекти.

Во секој случај, Магнусен постигна најбрзо време во третата квалификациска сесија на дожд од 1:11.674, 203 илјадити делови од секундата побрзо од Ферстапен. Вториот стартен ред е резервиран за Британецот Џорџ Расел во Мерцедес и Ландо Норис во Мекларен.

Спринт трката во Бразил е на програмата во сабота од 20.30 часот, а главната трка во недела од 19.00 часот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот