СП: Трае аргентинската „бајка“, против Шпанија за титулата! (ВИДЕО)

fiba.basketball

Иако Франција ја имаше фаворитската улога, „гаучосите“ одиграа фантастичен натпревар и после 17 години повторно ќе се борат за светската титула.

Предводени од ветеранот Луис Скола кој реализираше 28 поени и 13 скокови, а на спротивната страна за „триколорите“ доминираше Нтиликина со 16 поени.

Досега во нивната историја на светските шампионати Аргентинците имаат два медали, едно злато на првото организирано СП во 1950 година, и едно сребро во 2002 година.

Нивни ривал на Мундобаскет 2019 ќе биде селекцијата на Шпанија која претходно триумфираше над репрезентацијата на Австралија во првата полуфинална пресметка.

В сабота (14. септември) се натпреварите за пласман од 5-8 место, од 10.00 часот за седмата позиција САД-Полска, а од 14.00 часот за петтото место Србија-Чешка. В недела (15. септември) е последниот ден на СП, од 10.00 часот е битката за бронзениот медал Франција-Австралија, а од 14.00 часот е големото финале помеѓу Аргентина и Шпанија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот