Совршенство на Олимписките игри: 14-годишно кинеско девојче доби чисти десетки во скокови во вода

EPA-EFE/PATRICK B. KRAEMER

Кинеската натпреварувачка во скокови во вода, 14-годишната Kван Хонгчан го освои златниот медал на скокови од десетметарска платформа и тоа на импресивен начин, три пати доби чисти десетки од судиите.

Сите шест судии за вториот, четвртиот и петтиот скок на Кван Хонгчан и доделија највисока и совршена оценка – чиста десетка. Ова се први Олимписки игри за Кван, а младата спортистка и го донесе 33. златен медал на Кина на Олимписките игри со вкупен резултат од 466.20 поени по шест серии.

На второто место се најде 15-годишната Чен Јиши исто така од Кина која имаше дури 40 бодови помалку од победничката, додека бронзениот медал го освои Мелиса Ву од Австралија со дури 95 бодови помалку.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот