Фото: Инстаграм/taramctable

Совршен избор за студени денови: „Бомбардино“ – кремаст пијалак што навистина грее

„Бомбардино“ е популарен италијански алкохолен пијалак што слободно може да се смета и за десерт. Тој е заштитен знак на алпските скијачки центри, не само во Италија, туку и пошироко, бидејќи е вкусен и брз начин да се загрее премрзнатото тело. А поради дарежливата количина алкохол, често важи и за еден од „виновниците“ за одличната атмосфера на скијачките забави, пишува „Пун куфер“.

„Бомбардино“ е едноставен коктел што се подготвува од само три состојки (четири, ако сакате да додадете малку цимет во шлагот). Традиционално, неговата основа била фина крема со вино, забаијоне, која може да се направи и дома, но денес најчесто се користи готов ликер од јајца, „збогатен“ со малку ракија или рум.

Се верува дека овој коктел за првпат бил „смешан“ во средината на 19. век. Постојат неколку приказни за неговото потекло – една го сместува во Падова, друга во Доломитите, но сите се согласуваат околу името. Првите дегустатори наводно извикале: „Ова е бомба!“. Оттука и името.

„Бомбардино“ се подготвува многу лесно, но важно е ликерот од јајца да не зоврие, бидејќи може да се расипе. Токму затоа се служи топол, а не врел.

Потребни состојки:

  • 50 милилитри ликер од јајца
  • 10 милилитри ракија
  • 1 лажица изматено слатко павлака
  • 1 прстофат цимет, по желба

Подготовка:

Загрејте го ликерот од јајца во мало тенџере на средна температура и тргнете го од оган непосредно пред да зоврие.

Истурете го во шолја за кафе или во помала чаша.

Додадете ја ракијата и нежно промешајте додека не се соединат.

Одозгора додајте малку изматена слатка павлака и, по желба, посипете со цимет.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот