Состојбата на Шумахер е се подобра, тој е во свесна состојба

Шумахер во 1999 година имаше стравичен инцидент во кој заработи скршеница на ногата/ фото: EPA-EFE/DIEGO AZUBEL

Михаел Шумахер се наоѓа во свесна состојба откако во понеделникот беше примен во париската болница „Жорж Помпиду“ на лечење со матични клетки. Седумкратниот Формула 1 шампион е донесен во париската болница поради трансфузија на матични клетки кои го намалуваат воспалението.

Оваа вест за „Ле Паризиен“ ја откри неименувана медицинска сестра.
„Да, задолжена сум за Шумахер, а бидете сигурни дека тој се наоѓа во свесна состојба“, изјави медицинската сестра.

Михаел Шумахер по несреќата во 2013 година на скијање беше ставен во вештачка кома, додека од септември 2014 година се лечи во својот дом во Лозана. Исто така „Ле Паризиен“ тврди дека Михаел Шумахер претходно два пати бил примен во болницата „Жорж Помпиду“, и тоа под друго име.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот