Сопругата на Метју Меконахи открива: „Свекрвата ме викаше по имињата на неговите поранешни девојки, беше злобна“

Фото: Instagram

Поранешната манекенка Камила Алвес (40), сопруга на Метју Меконахи, во последното интервју раскажа како изгледале почетоците на нејзината врска со актерот, пишува „Тудеј“.

Во неодамнешниот поткаст на магазинот „Саутерн ливинг“, таа откри дека неговата мајка Мери Мекејб, постојано ја тестирала, пред нивната врска да стане посериозна и дека имала многу непријатни ситуации со неа.

Фото: EPA-EFE/ETIENNE LAURENT

„Таа правеше секакви работи кога почнавме да излегуваме. Навистина ме тестираше. Ме викаше по имињата на поранешните девојки на Метју, наеднаш почнуваше да ми зборува на неправилен шпански јазик, беше злобна кон мене на различни начини“, вели Камила.

Фото: Instagram/ camilamcconaughey

Како што раскажала, Камила успеала да ја придобие својата свекрва, кога заедно отпатувале во Турција поради работа.

„За време на летот, ми раскажуваше секакви приказни, како да се обидуваше да ми стави секакви „бубачки во главата“, да ме оптовари со приказни. Но, до третиот ден од патувањето, сфатив дека сето тоа се глупости. Затоа, решив да возвратам. Излезе мојата жестока бразилска, латиноамериканска страна“, додала таа.

Фото: Instagram/ camilamcconaughey

Нивната комуникација одреден период била непредвидлива. Ниту една од нив не попуштала. На крајот Мери решила да прекине со таквото однесување и ѝ рекла: „Добро, ти си внатре“.

Оттогаш Камила е во добри односи со својата свекрва и како што вели многу се почитуваат.

Фото: Instagram/ camilamcconaughey

Инаку, Камила и Метју се заедно од 2006 година, а пред бракот беа во врска шест години. Тие се венчаа во 2012 година, а заедно имаат три деца Леви (14), Вида (13) и Ливингстон (10).

„Ќе правиме ДНК“: Холивудските заводници се всушност браќа?!

ВИДЕО | Метју Меконахи го позајми гласот на Елвис Присли во новата анимирана комедија на „Нетфликс“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот