Вуди Харелсон и Метју Меконахи
Вуди Харелсон и Метју Меконахи / Фото: KEVIN WINTER / Getty images / Profimedia

„Ќе правиме ДНК“: Холивудските заводници се всушност браќа?!

Актерите Метју Меконахи и Вуди Харелсон се долгогодишни пријатели во приватниот живот, а често ги гледаме и во заеднички филмски проекти. Тие се толку блиски, што би можеле да бидат и браќа… но, не само во филмовите и телевизиските серии, туку и во реалниот живот.

Вуди Харелсон одговори на шпекулациите дека тој и Метју Меконахи имаат ист татко и рече дека со голема радост би направил ДНК тест за да го потврди тоа.

Имено, за време на гостувањето во емисијата „The Late Show“ со Стивен Колберт, Харелсон откри дека би сакала да знае дали братската врска што ја има со Меконахи е и крвна.

Од друга страна, и Меконахи неодамна ја начна оваа тема во поткастот „Let‘s Talk Off Camera“ со Кели Рипа. Имено, тој раскажа дека неговата мајка Мери Кетлин Мекгејб можеби имала романса со таткото на Харелсон, Чарлс во периодот додека неговите родители се разведувале. Имено, родителите на Меконахи двапати се развеле и трипати се венчале.

Харелсон призна дека приказната е „луда“.

„Па, само ќе кажам дека има вистина во таа помисла, бидејќи разговаравме со мајка му на Метју, Ма’ Мек и таа ни кажа еднаш… Мислам, ова е лудо“, му раскажа Харелсон на водителот Стивен Колберт.

Актерот се присети како гледал натпревар од Светското фудбалско првенство во Грција кога „испливала“ темата „жалење“. Харелсон вели дека му било чудно што неговиот татко, кој почина во 2007 година, „не жали за ништо“.

„Ја познавам Ма’ Мек долго време, таа ми кажа: ‘Го познавав… татко ти’“, раскажува актерот, додавајќи: „И тие елипси ми беа некако вознемирувачки или интересни. ‘Го познавав татко ти.’“.

Харелсон нагласи дека нејзината пауза во реченицата е „исполнета со инсинуации“.

Додека Харелсон е повеќе од среќен што ќе прави ДНК тест, тој го разбира двоумењето на неговиот колега од „True Detective“.

„Тоа е многу поголема работа за него. Мислам, тој се чувствува како да го губи својот татко. Но, јас му велам: ‘Не, ти ќе добиеш друг татко и брат'”, објаснува Харелсон.

Меконахи во подкастот „Let‘s Talk Off Camera“ призна дека не е подготвен да ја тестира својата татковска крвна линија.

„На Вуди му е малку полесно да каже ‘Ајде, ајде да го направиме тоа’. Потешко ми е затоа што бара од мене да ја искористам приликата и да кажам – ‘Чекај малку, ми велиш дека мојот татко можеби не е мој татко 53 години и да верувам во тоа?’“, изјави Меконахи, полушегувајќи се.

Таткото на Меконахи Џејмс починал во 1992 година.

Меконахи и Харелсон глумеа заедно во филмот „EDtv“ во 1999 година, а во првата сезона на серијата „True Detective“ во 2014 година.

Вуди Харелсон и Метју Меконахи во „True Detective“ / Фото: Image Capital Pictures / Film Stills / Profimedia

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот