ВИДЕО | Метју Меконахи го позајми гласот на Елвис Присли во новата анимирана комедија на „Нетфликс“

Анимираниот филм наречен „Agent Elvis“, во кој главниот лик е Елвис Присли, доаѓа на „Нетфликс“ во март оваа година. Познатиот актер Метју Меконахи му го позајмува гласот на кралот на рокенролот.
View this post on Instagram
„Елвис Присли го менува својот комбинезон за „џетпак“ кога ќе биде примен во тајна владина шпионска програма за борба против мрачните сили кои ѝ се закануваат на земјата што ја сака – сето тоа додека ја работи својата секојдневна работа како крал на рокенролот“, се вели во дневникот на серијата, според „Variety“.
View this post on Instagram
Анимираниот филм „Agent Elvis“ е создаден заедно од Присила Присли и Џон Еди.
„Од времето кога Елвис беше момче, тој отсекогаш сонуваше да биде суперхерој кој се бори против криминалот и го спасува светот! Агентот Кинг му дозволува да го прави токму тоа“, рекла Присила Присли, пренесува NME.
Погледнете го трејлерот во продолжение: