фото: EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Соопштение на КК Партизан: Џонс, Бонга и Браун упатија јавно извинување

Српскиот кошаркарски клуб Партизан објави дека Карлик Џонс, Исак Бонга и Стерлинг Браун дале изјави во полицијата во вторник вечерта во врска со инцидентот во кој учествувале рано наутро во понеделник пред ноќен клуб во Белград и упатија јавно извинување до сите за непријатните сцени.

Засилувањата за оваа сезона за вицешампионот во АБА лигата беа дел од тепачка, на која, според информациите од клубот, ѝ претходеле расни навреди упатени кон нив.

– Кошаркарите на Партизан, Карлик Џонс, Бонга и Браун, беа вклучени во инцидент што се случи пред познат ноќен клуб во Белград. Некои медиумски извештаи објавија дека Франк Ниликина исто така бил вмешан во инцидентот, но тој не бил присутен и дека станува збор за грешка, што беше потврдено од надлежните органи. Исто така, на порталите се појавуваат злонамерни и неточни медиумски настапи кои очигледно се направени со умисла. Адвокатите се интензивно вклучени во овие случаи и КК Партизан нема да дава никакви соопштенија во врска со нив – се вели во соопштението на клубот.

Се додава дека тројца кошаркари на „црно-белите“ синоќа дале изјави во полициската станица „Савски венац“.

ВИДЕО: Кошаркари на Партизан во општа тепачка пред ноќен клуб во Белград

Клубот објави и изјави од тројца кошаркари. Карлик Џонс рече дека не е горд на своите постапки.

— Сакам длабоко да се извинам за инцидентот што се случи. Дозволив да бидам дел од нешто на што не сум горд. Самиот чин беше несоодветен за професионален спортист да се однесува на овој начин, тоа е разочарувачки и срамно за мене, моето семејство, моите соиграчи, клубот, претседателот и одборот. Сакам да им се извинам на сите што ме поддржуваат и ме почитуваат – рече Џонс.

Браун рече дека и покрај тоа што биле нападнати, тој е свесен дека тие не требало да си дозволат да се најдат во таква ситуација уште на почетокот.

– Жал ми е, бидејќи ова однесување не е примерот што ние како играчи треба да го поставиме. Се извинувам на јавноста, на навивачите, на моите соиграчи, на тренерскиот штаб, на претседателот и на Управниот одбор. Лично, мразам што си дозволив да се најдам во ситуацијата во која се најдов и сакам да се поправам најдобро што можам, на теренот – рече Браун.

Бонга исто така рече дека му е жал.

Партизан се огласи по тепачката на нивините кошаркари пред ноќен клуб

– Му се извинувам на клубот за какво било несакано внимание што можеби го предизвика ова. Ова не е нешто што го сфаќам лесно и не е нешто што ќе се случи повторно – рече Бонга.

КК Партизан треба да се соочи со Спартак во првото коло од плејофот на АБА лигата, а сè уште не е познато дали споменатото трио ќе биде казнето од лигата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот