Фото: EPA-EFE/PETE ANDREOU

Партизан се огласи по тепачката на нивините кошаркари пред ноќен клуб

Кошаркарскиот клуб Партизан се огласи со официјално соопштение по тепачката која се случила во раните утрински часови во близина на еден белградски ноќен клуб, потврдувајќи дека три нивни кошаркари биле вклучени во инцидентот, а не четворица како што првично се шпекулираше.

„КК Партизан потврдува дека тројца играчи на црно-белите се нашле синоќа во центарот на инцидент кој се случил недалеку од познат белградски ноќен клуб. Според информациите добиени од самите играчи, тие биле навредувани на расна основа од страна на група момчиња, додека девојките кои биле во нивно друштво биле нарекувани со навредливи зборови само затоа што се наоѓале во друштво со луѓе со темна кожа. Кога сите мислеа дека инцидентот е завршен со вербална расправија, истата група момчиња ги причекала кошаркарите пред клубот и физички ги нападнала. Играчите им возвратиле на нападот. По повик од надлежните органи, кошаркарите на Партизан ќе дадат изјави. Сите интерни прашања ќе бидат решени согласно актите на клубот,“ стои во соопштението.

На социјалните мрежи се појави и видеоснимка од инцидентот на која, според тврдењата на очевидците и повредените, се гледа како кошаркарот на Партизан и репрезентативец на Јужен Судан, Карлик Џонс удира човек со шише по глава, по што повредениот паѓа на земја, а Џонс фрла кон него со дел од скршеното шише.

ВИДЕО: Кошаркари на Партизан во општа тепачка пред ноќен клуб во Белград

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот