ВИДЕО: Кошаркари на Партизан во општа тепачка пред ноќен клуб во Белград
Ноќта помеѓу недела и понеделник, во Белград се случил голем инцидент и тепачка во која учествувале четворица кошаркари на Партизан. Двајца учесници во тепачката се полесно повредени, а еден има тешки повреди.
Препорачано
Партизан ја победи Мега во српското дерби во АБА лигата во неделата, првотимците на „црно-белите“ потоа излегоа на ноќно излегување и сè заврши со инцидент на улица.
Како што повредените ѝ кажале на полицијата, во ноќниот клуб биле Карлик Џонс, Стерлинг Браун, Исак Бонга и Френк Нтиликина.
Инцидентот наводно се случил кога кошаркарките станале за да ги заштитат девојките кои постојано биле навредувани од една група.
– Ги провоцираа тие девојки само затоа што беа во друштво на кошаркари. Ми се чини дека биле навредувани и на расна основа, односно ги повикувале девојките и ги прашувале што прават со момчиња со темна кожа. Потоа го напуштија клубот и ги чекаа кошаркарите надвор, каде што избувна општа тепачка – рече еден од очевидците.
На снимка од тепачката објавена на социјалните мрежи наводно се гледа како Карлик Џонс со шише удира човек во главата.
Posle noćnog izlaska, trojica košarkaša Partizana su ušla u žestok okršaj sa jednom osobom (kako se vidi na snimku), a sukob je eskalirao i jedan od njih je flašom udario momka.u sukobu su učestvovali Karlik , Braun i Bonga #kkp #kkcz #caosvima pic.twitter.com/8HDkMsG9Md
— 🍓 (@guduricotablu) May 5, 2025


