Солен пилинг за лице и тело кој ќе ви подари младешка и негувана кожа – Направете го сами!

Летото е период кога најголем дел од кожата ни е изложен на сончеви зраци, поради што треба да посветиме особено внимание на нејзиното негување.

Благодарение на солениот пилинг за лице и тело, кожата во текот на летните месеци ќе остане доволно хидрирана и ќе ја задржи својата нежност. Солениот пилинг е едноставен за правење и за користење.

Потребни состојки:

100 грама морска сол
200 грама ладно цедено маслиново масло
10 капки етерично масло од лаванда

Начин на подготовка:

Измешајте ги сите состојки во еден сад. Потоа земете од пилингот и со нежни кружни движења измасирајте го целото тело. Пилингот е најдобро да се исплакне со млака вода и кожата сама да се исуши, без бришење.

Резултати:

Ситната морска сол ќе ги отстрани мртви клетки и грубата кожа, особено на лаковите, на стапалата и петите. Солта во содејство со етеричното масло од лаванда ќе делува антибактериски, а лавандата ќе овозможи лесно чувство на свежина на телото. Кожата веднаш ќе го впие маслиновото масло, а тоа ќе ја збогати со своите корисни состојки, како што се витамин Е и ќе овозможи задржување на нејзината влажност.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот