Со заедничка фотографија потврдија: Перо Камиказа со Левица во трка за градоначалник на Скопје

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев и кандидатот за градоначалник на скопје Петар Георгиевски (Перо Камиказа)/ Фото: Фејсбук Димитар Апасиев

Басистот на групата „Меморија“ Петар Георгиевски, познат како Перо Камиказа официјално ја доби поддршката од Левица за градоначалник на Град Скопје на претстојните локални избори. За него уште на стартот, кога објави дека ќе се кандидира како независен кандидат се говореше дека ќе добие поддршка од оваа опозициска партија, но тоа сега се случува официјално.

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев тоа го објави на Фејсбук.

-Конечно, се разбравме. ОДИМЕ!, напиша Апасиев објавувајќи селфи со кандидатот за градоначалник.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот