Со такси лани се превезени 37.8 милиони патници

фото: МИА

Според податоците на Државниот завод за статистика, со истражувањето за такси-превоз се опфатени 2 342 патнички автомобили од 214 извештајни единици.

Во 2018 година, со 2 342 патнички автомобили се превезени вкупно 37 779 000 патници, од кои 31 373 000 во градскиот превоз, додека во меѓуградскиот превоз се превезени 6 406 000 патници.

Со истиот број возила се остварени вкупно 76 430 000 километри, од кои 65 374 000 во градскиот превоз, додека во меѓуградскиот превоз се остварени 11 056 000 километри.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот