8 C
Скопје

Со Оперативниот план за вработување 2021 ќе бидат опфатени 10 279 лица

За Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2021 година обезбедени се милијарда 516 милиони денари и со него ќе бидат опфатени 10 279 лица, информира денеска владиниот портпарол Душко Арсовски.

Оперативниот план е разгледан и прифатен на вчерашната владина седница. Со него се утврдуваат програмите, мерките и услугите за вработување кои ќе обезбедат создавање нови работни места, поддршка за креирање нови работни места и зголемување на вработливоста на невработените лица, посебно на младите, долгорочно невработените и корисниците на право на парична помош од социјална заштита, како и поддршка на невработените лица на кои престанокот од работен однос е регистриран во периодот на кризата предизвикана поради Ковид-19, односно од 11 март 2020 година.

Прочитајте и...  Совет на НБ: Олеснување на вложувањето во хартии од вредност во странство

Во одговор на новинарско прашање дали државата ќе дава пари на приватниот сектор за вработување на други етнички заедници за да се исполни одреден процент во контекст на предизборното ветување на коалицискиот партнер ДУИ, Арсовски упати на принципите на кои почива спроведувањето на Оперативниот план.

-Она што можеме да го кажеме како Влада е дека спроведувањето на Оперативниот план за активни мерки за вработување почива на неколку приници: принципот на диверзитет и инклузивност за сите општествени категории во приватниот сектор согласно принципите на правична и адекватна застапеност на етничка, полова, религиозна, расна, или која било друга ранлива категорија граѓани во согласност со стандардите и практиките на ООН и Меѓународната организација на трудот. Значи, ништо надвор од тоа, рече Арсовски.

Прочитајте и...  ЕМА: Можна поврзаност помеѓу вакцината на „Џонсон и Џонсон“ и згрутчување на крвта

Втор принцип, дополни, е справување со негативните ефекти и последици на пазарот на трудот и вработеноста предизвикани од пандемијата Ковид 19 и третиот исто така важен – поттикнување рамномерен регионален развој согалсно со податоците од Бирото за регионален развој и степенот на развиеноста на планските региони во РСМ.

Оперативниот план 2021, посочи владиниот портпарол, содржи мерки за лицата кои се долго време надвор од пазарот на трудот.  Точно е, се предвидува и поддршка за работодавачи, но само доколку тоа значи обезбедување нови вработувања и раст на правните субјекти.

Субвенции и поддршка ќе добијат оние компании кои ќе вработуваат лица и според одредени критериуми. Изборот, целта, фокусот, се сите граѓани кои се засегнати со оваа мерка, а се подолго време надвор од работен процес, односно вработување, без разлика на етничка, полова, религиозна, расна или која било друга ранлива категорија граѓани согласно со меѓународните стандарди што веќе ги споменав, дополни Арсовски.

Прочитајте и...  Петта изложба на олдтајмери во Делчево

На вчерашната владина седница, меѓу останатото, е разгледан и Планот и мерките за борба против корупција. Со Планот, како што рече Арсовски, се зајакнуваат капацитетите и се воспоставува синхронизиран систем за ефикасна функционалност на институциите во првите редови против корупцијата, за враќање на довербата во нив и за општество ослободено од корупција.

Поврзани вести

ВИДЕО I Русија ја активира северната флота: Целта е да се заземат стратешките точки на Арктикот по секоја цена

Слободен печат

Повторно се тресеше Хрватска: Земјотрес е забележан и во Словенија

Слободен печат

ВИДЕО I Заврши судењето за убиството на Афроамериканецот Џорџ Флојд: Војска и хеликоптери низ улиците на САД, Дерек Шовин е виновен

Слободен печат

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: 12-годишно девојче oд Велес, брутално нападнато од својата врсничка додека останатите гледаат и снимаат со телефон

Слободен печат

Кинеската вакцина е 93 отсто ефикасна во спречување на хоспитализација: Не е забележам ниту еден смртен случај

Слободен печат

Вработен во казино играл со пари што ги извадил од апарати, „се покрил“ со 5.000 службени евра

Слободен печат

Остави Коментар