Со која храна се заведуваат хороскопските знаци: Овните сакаат зачинети јадења, а Раковите домашна пита

Да, разговорот е клучен во емотивната врска, но некои имаат проблем да кажат што сакаат. Затоа е добро да знаете што го возбудува секој маж и жена во зависност од хороскопскиот знак. А, како што вели добрата стара изрека „љубовта доаѓа преку стомакот“.

Дали барате идеален рецепт за заведување и романтична вечера. Еве неколку совети на астролозите кои ќе ви откријат какви прехранбени тајни кријат хороскопските знаци.

Овен
Зачинетата храна го поттикнува нивото на ендорфин во крвта и го зголемува адреналинот. Овој хиперактивен знак обожава да почувствува возбудување, исто колку што ужива во вашата поддршка.

Бик
Биковите најмногу сакаат салати, бидејќи останатите знаци не се толку поврзани со Земјата. Тие дефинитивно ќе ја проголтаат салатата доколку е прелиена со некој богат и вкусен сос. Исто така, не одбиваат вкусен десерт.

Близнаци
Близнаците сакаат разновидност и не се обидувајте да им подметнете нешто безлично. Инвестирајте во необични и брзо готвени јадења.

Рак
Колачи, мафини, домашна пита. Сето ова сервирајте му го на Ракот, тој ќе биде воодушевен.

Лав

Во друштво на Лавот пожелно е да бидете драматични, а со оглед на тоа што се работи за огнен знак, фламбираните јадења од секаков вид се идеален погодок за нив.

Девица
Што и да ѝ послужите на Девицата бидете сигурни тоа јадење да е добро за нејзиното здравје. Тоа е знак кој владее со здравјето и вежбањето.

Вага
Ова е знак кој му дава ново значење на изразот „урамнотежена храна“.

Скорпија
Ако јадењето е возбудливо, со други зборови ако се чувствуваат помалку первезно додека го јадат, тогаш ќе ве обожаваат поради тоа.

Стрелец
Никогаш на припадниците на овој хороскопски знак не им нудете диетална храна. Ќе помислат дека сте „полуделе“.

Јарец

На Јарците не им нудете ништо што е претерано слатко, премногу солено, премногу богато и зачинето.

Водолија
Можете малку да ја зачините атмосферата во спалната соба, па сервирајте му малку шлаг, но на некој дел од вашето тело, пред да го послужите со оброк овој интересен знак. Ќе ужива во тоа.

Риби

Рибите сакаат нежна храна, нешто што нема да им прави тешкотии на желудникот. Коктел од ракчиња е совршен избор или топла супа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот