Со грант преку проектот МСИП подобри услови за учење за 1.400 деца во Чаир

Со грант средства преку Проектот за подобрување на општинските услуги – МСИП извршена е реконструкција на кровот на основното училиште „Рајко Жинзифов” во општина Чаир, во кое учат над 1.400 ученици. Денеска заменик министерката за финансии Ширет Елези и градоначалникот Висар Ганиу го посетија училиштето.

Грантот е во висина од 3 милиони денари, а исто толку кофинансира и општината. Овој грант и е доделен на општината од страна на Светска банка, преку МСИП поради успешно спроведување на три други подпроекти преку истиот проект, односно реновирање на две градинки и училиште во општината со кој им се обезбедени подобри услови за образование на над 2.000 деца.

-Учениците на ова училиште ќе ја започнат новата учебна година во училиште кое ќе има нов кров, без азбести цементни блокови, кои не се добри по здравјето. Истовремено, ќе се подобри енергетската ефикасност на училиштето и се очекува сметките за енергија во просек да се намалат за околу 30% – рече заменик  министерската за финансии Ширет Елези.

Прочитајте и...  Општина Дебар: Последиците од Ковид-19 ќе се зголемуваат со застрашувачки тренд

Градоначалникот на општина Чаир истакна дека преку заеднички ангажман ќе се овозможат подобри услови за поквалитетен образовен процес на местата на знаењето каде се подготвува идна здрава генерација.

-Останувајќи целосно фокусирани за подобрување на инфраструктурата на нашите основни училишта и детски градинки, како општина во континуитет остваруваме ефикасна соработка со други државни институции и ги користиме сите можни законски механизми за олеснување на реализирањето на многу слични проекти во служба на учениците и општо на сите граѓани.

Инаку Проектот за подобрување на општински услуги-МСИП, Министерството за финансии го спроведува со поддршка на Светска банка, како и на Европската унија. Вкупниот фонд на проектот е преку 100 милиони евра – и тоа: 80 милиони евра заем од Светска банка, 15 милиони евра ЕУ грант средства преку ИПА и кофинансирање од Буџет од околу 5 милиони евра.

Прочитајте и...  Вжештена предизборна реторика, партиите со разни ветувања пред граѓаните

Проектот МСИП овозможува финансирање на капитални  општински проекти од типот на: водоснабдување, канализација и одведување на отпадни води, енергетска ефикасност (улично осветлување, изолација на општински објекти и сл.), локална патна инфраструктура (модернизација и реконструкција на улици и патишта), комунални услуги (набавка на возила за јавните комунални претпријатија) како и други општински услуги и надлежности, како изградба на детски градинки, зелени пазари, инфраструктура во индустриска зона и сл.

Преку Проектот за подобрување на општински услуги поддржани се околу 230 капитални проекти во сите општини во земјава. Целта е да се обезбедат подобри услови за живот на сите граѓани во земјава.

Прочитај повеќе

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ се обврзува на 640 милиони субвенции, загарантиран откуп за земјоделците и 4 милијарди домашни и странски инвестиции

Слободен печат

Хоти ги замоли пратениците во косовското Собрание да гласаат за измените на буџетот

Слободен печат

Заев од Кавадарци: Секоја година ќе ги зголемуваме платите на здравствените работници и соработници до 10 отсто

Слободен печат

РЕКОРДЕН БРОЈ ЗАБОЛЕНИ: Флорида потврди 11.458 новозаразени со коронавирусот

Слободен печат

Николоски: Референдумска излезност на 15 јули за обнова на Македонија

Слободен печат

Прва жртва од коронавирус во Малешевијата

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Дневен преглед на состојбата со Ковид-19 во светот

Слободен печат

Стапија во сила новите уставни амандмани во Русија

Слободен печат

Четворица новозаразени од коронавирусот во Кичево

Слободен печат

Богојески од Крушево: Очекувам сите крушевчани без разлика на нивната политичка припадност да гласаат за Македонски концепт

Слободен печат

Автомобил влетал во група демонстранти на автопат кај Сиетл, две жени повредени (ВИДЕО)

Слободен печат

Јанушев од Петровец: ВМРО-ДПМНЕ ќе ги зголеми платите за 25 отсто, пензиите за 20, а ќе ја намали невработеноста под 10 отсто

Слободен печат