Снимила како ресторанот ја „подготвува“ храната па ДОБИЛА ОТКАЗ: Вака се готви во СЕКОЈ ФАСТ-ФУД (ВИДЕО) – Слободен печат
Ви ПрепорачувамеЗабаваМагазин

Снимила како ресторанот ја „подготвува“ храната па ДОБИЛА ОТКАЗ: Вака се готви во СЕКОЈ ФАСТ-ФУД (ВИДЕО)

Откако снимката стана вирална, жената добила отказ.

Една вработена во американскиот ресторан „Panera Bread” на интернет објави видео во кое прикажува како кај нив се подготвуваат макарони со сирење. Откако снимката стана вирална, жената добила отказ. Зошто?

Испаднало дека вработената ја прекршила политиката на ресторанот откривајќи ги деловните тајни. Таа не смеела да покаже дека храната не се послужува свежа, туку од замрзнат производ се сервира како тазе зготвен оброк, а видеото предизвика бројни реакции.

Најмногу критики паднале на сметка ресторанот бидејќи продава замрзната храна наместо свежа, а цените не се така скромни.

Некои од луѓето кои работеле во вакви ресторани, во коментарите потврдиле дека 99 проценти од рестораните за брза храна, го прават токму истото.

Компанијата подоцна се бранела дека ги замрзнува оброците, со цел да не користи конзерванси, но сепак луѓето се разочарани од начинот на подготовка.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close