„Слушнав бебешки плач, беше замотан во чаршав“ – Девојка од Загреб нашла бебе пред врата!

EPA/Elvira Urquijo A.

„Светлото беше вклучено, што беше невообичаено бидејќи никој од домашните во тоа време не беше дома… Додека одев низ ходникот кон собата да го исклучам светлото, слушнав плачење на бебе. Тоа навистина ме изненади… – вака ја започнува приказната една млада жена од Загреб, која во петокот вечерта на прагот на нејзиниот дом пронајде бебе старо само неколку недели.

Семејството веднаш повикало полиција и брза помош. Бебето веднаш било однесено во болница. Жената која го пронашла бебето, возбудено раскажа како не може да го разбере овој чин. Изјави дека таа како мајка, точно знае што значи да се донесе дете на свет и дека никогаш не би можела да го остави така беспомошно. Полицијата го испрашала семејството дали се сомневаат во некој кој би им го оставил детето.

-Навистина не знаеме, но веројатно е некој од блискава околина. Претпоставуваме дека следеле кога не би биле дома затоа што бебето настинало, што значи дека останало подолго надвор. Би рекла дека бебето нема ниту еден месец, односно дека има околу две недели – вели мајката. Единствено што забележале е невообичаено што е отворен шпоретот преку кој имаат централно греење.

– Никој не запалил оган, но се чини дека можеби некој планирал да се загрее себеси и бебето – вели мајката.

Исто така изјавија дека доколку малечкото момченце нема никого, тие се подготвени да ја преземат грижата околу него.

Полициската управа во Загреб потврди дека го добиле извештајот, но не им е дозволено да даваат детали. Во меѓувреме, полицијата продолжува со потрагата по родителите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот