Случајот ја тресе Германија: Настасја Кински за контроверзната сцена – „Имав само 13 години“
Случајот со Настасја Кински со години ја бранува германската јавност, а во центарот на вниманието е режисерот Вим Вендерс, кој важи за еден од највлијателните и најпочитуваните германски филмски автори.
Препорачано
Настасја Кински, која денес има 65 години и соработувала со режисери како Франсис Форд Копола и Роман Полански, некогаш беше една од музите на Вендерс. Денес, пак, токму тој се наоѓа во центарот на контроверзијата што ја подели филмската заедница, медиумите и јавноста.
Вендерс, кој наскоро ќе наполни 81 година, имал само 30 години кога го снимал филмот „Погрешен потег“, едно од неговите први долгометражни остварувања. Во него Кински ја толкува улогата на Мињон, нема тинејџерка.
Во времето на снимањето актерката имала само 13 години, а режисерот снимил сцена во која нејзиниот лик лежи на кревет облечен само во долна облека. Во истата сцена се појавува и машки лик во долна облека, кој легнува покрај неа, ја удира со шлаканица, а потоа почнува да ја допира.
Токму оваа сцена денес е во фокусот на жестоките дебати, додека Кински со години бара таа да биде отстранета од филмот. Според медиумските извештаи, Вендерс досега одбивал да го стори тоа, што дополнително ги засили критиките кон него и отвори прашања за односот на филмската индустрија кон малолетните актери во минатото.


