„Случај Сала“: Пилотот Иботсон немаше лиценца за лет!

twitter.com/BreakingNAgency

Одделот за истраги за несреќи на авиони со извештај за трагичната смрт на Емилијано Сала кој од Нант требаше да направи трансфер во екипата на Кардиф сити.

Пред нешто повеќе од една година во авионска несреќа трагично загина аргентинскиот фудбалер Емилијано Сала, единствениот патник (покрај пилотот) во авионот кој се сруши над Ла Манш.

Според извештајот на ААИБ, пилотот Дејвид Иботсон летал премногу брзо во лоши временски услови, предизвикувајќи дефект на авионот, како и протекување на јаглерод моноксид (пронајден и во телото на Сала), се вели во извештајот. Воедно пилотот немал дозвола за комерцијално летање.

Се верува дека труењето со гас е причина за смртта на 59-годишниот пилот, но неговото тело никогаш не било пронајдено.

Непосредно пред фаталниот лет, Сала преку Ватсап им испрати фотографии до своите пријатели, коментирајќи дека изгледа неговиот авион ќе се распадне.

Исто така, Иботсон беше далтонист, без обука за ноќно летање, а лиценцата за летање на авиони со еден мотор истече неколку месеци порано.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот