Уапсено лице осомничено за смртта на Емилијано Сала

twitter.com/BreakingNAgency

Британската полиција соопшти денеска дека уапси човек осомничен за убиство во врска со смртта на аргентинскиот фудбалер Емилијано Сала во авионската несреќа во јануари.

Сала (28) лета од својот претходен клуб Нант во западна Франција во Велс со цел да се пресели во новиот клуб Кардиф Сити, но автионот „Пајпер Малибу“ се урна во Ла Манш.

– Денеска уапсивме едно лице на возраст од 64 години од областа Северен Јокшир под сомневање за убиство со незаконско дело. Тој соработува со полицијата, пуштен е од притвор и е под истрага – рече инспекторот Симон Хактер од полицијата во Дорсет, пренесува „Ројтерс“.

Засега не е познато каде се наоѓа телото на пилотот Дејвид Иботсон кој според британските медиуми направил сè да го спаси авионот и да се избегне пад.

Пилотот сигурно имал контрола пред ударот во море, и тоа очигледно се забележува на остатоците кои биле пронајдени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот