МОРБИДНО: Се појави фотографија од телото на Сала во мртовечница

Фото: EPA-EFE/EDDY LEMAISTRE

Семејството на трагично починатиот фудбалер Емилијано Сала и полицијата најавија истрага, затоа што во јавноста се појавија фотографии од тело, за кое се тврди дека е на фудбалерот и дека е сликано во мртовечница.

Сала, кој требаше да направи рекорден трансфер од редовите на Нант во Кардиф Сити, загина во авионска несреќа. Службите го извлекоа авионот и го пронајдоа неговото тело, а неколку месеци по несреќата, на социјалните мрежи се појавија морбидни фотографии.

Полицијата најави дека е отпочната истрага околу фотографиите кои осамнаа на Интернет и дека сторителите кои го направиле ова дело најстрого ќе бидат казнети.

– Свесни сме и згрозени дека некој споделил фотографија на социјалните мрежи. Семејството Сала минува низ многу тешки моменти, посебно и со смртта на таткото на Емилијано, а сега дополнителна болка е и ова што се случува со еден ваков ужасен чин. Го истражуваме овој инцидент како би откриле кој е одговорен за фотографија и нејзиното делење по социјалните мрежи – информираат од аргентинската полиција.

Англиските медиуми пишуваат дека многу веројатно се работи за човек кој тајно влегол во мртовечницата во Борнмут и успеал да го направи ова нечовечко дело.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот