Словенечкиот ски-скокач Петер Превц ја заврши кариерата

фото: EPA-EFE/ANTONIO BAT

Словенечкиот ски-скокач Петер Превц денеска ја заврши кариерата, откако на Планица го освои шестото место во ски скоковите. Превц имаше скокови од 233,5 и 226,5 метри пред 20.000 домашни навивачи, на крајот дојде до 422,4 поени.

Првото место на Планица го освои Австриецот Даниел Хубер, кој имаше скокови од 247 и 242,5 метри, за вкупно 487,7 поени. Втор беше Словенецот Домен Превц (233 и 238 метри) со 444,3 поени, а на третата позиција се најде Полјакот Александар Знишчол со 438,1 поен (237 и 237,5 метри).

Хубер го освои Малиот кристален глобус во ски скокови со 429 поени, додека неговиот сонародник Штефан Крафт е втор со 426 поени. Крафт уште порано го обезбеди првото место во вкупниот пласман на Светското првенство. Тој денеска на Планица беше четврти со 436,4 поени (230,5 и 239,5 метри). Крафт е прв во вкупниот пласман на Светското првенство со 2.149 бодови.

Петер Превц (31) во кариерата оствари 24 победи на Светскиот куп, а на подиумот беше 62 пати. Тој во сезоната 2015/2016 го освои првото место во генералниот пласман на Светскиот куп, а во 2016 година беше победник на новогодишната турнеја на „Четири скокалници“.

Словенецот три години по ред ја освои титулата во Светскиот куп во ски скокови (2014, 2015, 2016). Меѓу другото, тој во кариерата освои четири олимписки медали, од кои еден златен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот