„Слободен печат“ од Софија | Јовески и Рускоска разговарале со преживеаните: „Сè се случи во дел од секунда“

Јовески и Рускоска во Софија, заедно со семејствата на загинатите / Фото: Слободен печат - Кристина Атовска

Екипата на „Слободен печат“ од Софија дознава дека во моментот се извадени речиси половина од телата на загинатите, а останатите ќе бидат извадени во текот на денот. Јавните обвинители Јовески и Рускоска во моментиве ја напуштиле болницата во Софија, а за медиумите изјавија дека разговарале со преживеаните кои се со полесни повреди.

Семејствата на загинатите во Софија / Фото: Слободен печат – Кристина Атовска

„Разговаравме со нив. Нема да дадеме многу информации, бидејќи во тек е истрага. Тие ни рекоа дека сè се случило во дел од секунда“ вели Јовески.

Јовески и Рускоска потврдија дека генетскиот материјал ќе се одзема во Скопје.

На некои од повредените ќе им бидат потребни операции, но не сериозни, а сите тие ќе се изведат во болницата во Софија.

Тие не сакаа да одговарат што детално разговарале со повредените, како за причините за несреќата.

Неофицијално на местото на настанот на банкините може да се приметат траги од автобусот, кој очигледно некое време возел покрај нив.

Јовески и Рускоска во Софија, заедно со семејствата на загинатите / Фото: Слободен печат – Кристина Атовска

 

ФОТО+ВИДЕО | ВО ЖИВО: Сите информации за тешката сообраќајна несреќа во Бугарија

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот