„СЛОБОДЕН ПЕЧАТ“ Е СЕКОГАШ ВО ПРАВО: Се потврди дека вестите во дел од српските медиуми, поврзани со аферата „Рекет“, се лажни и тенденциозни

Во период кога Македонија е преплавена со лажни вести и кога Владата, како и голем дел од професионалните медиуми отворено и објавија војна на пропагандната машинерија, „Слободен печат“ како професионален медиум кој веќе 7 години е на медиумската сцена, жестоко се залага за оваа битка и се води од принципите на веродостојност и проверка на информациите.

Последниот период, нашата земја ја тресе аферата „Рекет“ во која како осомничени, засега, се посочени Боки 13 и Зоки Кичеец. Оваа афера ги активираше лажните вести, не само кај нас, туку и во соседна Србија, каде дел од медиумите, кои важат за таблоидни, секојдневно објавуваат „шокантни“ и „ексклузивни“ вести поврзани со Боки 13 и со наводно инволвираните во оваа афера. Ваквите вести голем дел од нашите медиуми експресно ги преземаат и ги објавуваат, се со цел привлекување на кликови. Но, „Слободен печат“ ги зема со резерва, особено затоа што истите се непроверени и неверодостојни. Во прилог на тоа, објавивме и текст со наслов: Зошто српските медиуми упорно го вовлекуваат премиерот Заев во „Рекет“, иако тој не е осомничен?.

Последните изјави на адвокатот на Боки 13 и на директорот на затворот „Шутка“ Есад Рахиќ, само ги потврдија нашите сомневања во вистинитоста на вестите кои секојдневно ги преплавуваат насловните страници на спрски Курир, Информер, Ало, Телеграф.

Адвокатот на Боки 13, Димитар Савовски, нагласи дека апсолутна невистина се написите во српските медиуми дека Боки 13 испратил порака дека “ако нешто му се случи во затвор, доказите против Зоран Заев се кај неговата мајка”.

Од друга страна, директорот на „Шутка“ исто така ги демантираше написите во дел од српските медиуми дека Боки 13 барал да биде преместен на психијатрија.

Вчера, на социјалната мрежа Фејсбук бардот на македонското новинарство кој воедно е и наш колега во „Слободен печат“, Бранко Героски, објави статус дека најсмешни му биле мак-медиумите што ги “разоткриваат” сите “лажни вести” за Боки 13 во српските медиуми и така собираат кликови.

„Слободен печат“ и тоа како се пронајде во статусот на нашиот колега, мора да нагласиме дека се почувствувавме почестени бидејќи сме медиум кој ги разоткрива лажните вести, и поради тоа сме и должни да му одговориме.

Нашиот медиум не се обидува да ги „разоткрие“ сите „лажни вести“ за Боки 13, туку се обидува на јавноста да и ги пренесе оние информации кои се веродотстојни и кои „држат вода“, за разлика од некои други медиуми кои слепо ги пренесуваат насловите на српски Курир. „Слободен печат“ пренесе само еден таков сензационален наслов од српски Курир, по што отворивме низа прашања во јавноста.

Сензационалните наслови дека Боки му се заканувал на Заев, дека имал некакви докази против Заев, дека рекетирал за да и отплати долгови на Карлеуша и слично, „Слободен печат“ нема да ги пренесува како што тоа го прават голем дел од наши домашни медиуми, бидејќи токму на тој начин се собираат кликови, не обрнувајќи внимание на веродостојноста на написите. „Слободен печат“ и понатаму ќе ја гради довербата кај своите читатели преку објавување на вистината, ќе критикува и ќе информира, нема да дезинформира како што тоа го прават другите.

Нашата цел, не се кликови, туку ВИСТИНАТА.

 

Редакција „Слободен печат“

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот