Српски Курир го цитира Боки 13: Ако ме убиете, ќе се отвори Пандорината кутија – Владата ќе падне

Бојан Јовановски – Боки 13, кој е еден од осомничените во случајот „Рекет“ за време на полициското сослушување после неговото приведување наводно рекол дека поседува докази против премиерот Зоран Заев и неговиот советник Зоран Башановиќ, кои ги сочувал кај мајка му и на повеќе адреси, објавува српски Курир.

– Ако ме убиете во затвор, ќе паднат многу политичари, а тука мислам пред се на Заев и неговата влада. Имам докази против Заев и државниот врв. Се од прва рака. И се оставив на сигурно, кај мојата мајка и на уште неколку адреси. Ако нешто ми се случи, ако ме убиете, обесите и тоа се обидете да го прикажете како самоубиство, ако овде ме тепате, мачите, застрашувате, убаво ви кажувам, да не испадне после дека не сте знаеле, во Македонија ќе има политички земјотрес. Ќе се отвори Пандорината кутија, никој нема да биде поштеден – рекол, според српски Курир, Боки 13 на сослушувањето.

Весникот објавува и дека Боки 13 не е сам во притвор, туку собата во затворот ја дели со уште еден притвореник поради безбедноста проценка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот