Славниот модел се огласи на социјалните мрежи еден месец откако го роди својот син

Instagram

Карли Клос стана мајка на 11 март. 28-годишната манекенка го доби своето прво дете со сопругот Џошуа Кушнер, а сега го откри и неговото име.

Леви Џозеф“, напиша Клос во описот на фотографијата на која ја држи малата дланка на нејзиниот син, а на раката можеше да се забележи и уникатниот прстен на кој пишува „Мама“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Karlie Kloss (@karliekloss)

Информацијата за раѓањето на нивниот син на 14 март ја сподели Џошуа. Тој го поздрави доаѓањето на својот син на својот инстаграм-профил.

Клос и Кушнер објавија дека го очекуваат своето прво дете во октомври минатата година. Потоа, извор близок на манекенката откри дека таа ќе биде „неверојатна мајка“. Двојката е во брак од 2018 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот