Славата му го спаси животот — биволот именуван по Доналд Трамп го преживеа овој Курбан Бајрам
Албино биволот кој има необична сличност со Доналд Трамп беше спасен во последен момент од жртвување по интервенцијата на владата на Бангладеш.
Препорачано
Животното тешко 750 килограми има ретко светло крзно и фризура која потсетува на онаа на американскиот претседател, па локалното население одлучи да го нарече Доналд Трамп, пишува „Дејли мејл“.
Текстурата на розовата кожа дополнително го издвојува од остатокот од стадото и му дава впечатлива сличност со Трамп. Откако животното стана вирално на интернет, привлече огромни толпи на фармата во Нарајанганџ, во близина на главниот град Дака.
Животното беше продадено за колење по повод празнувањето на Курбан Бајрам и требаше да биде жртвувано. Сепак, Министерството за внатрешни работи на Бангладеш интервенираше во последен момент, наведувајќи безбедносни причини.
Министерот за внатрешни работи Салахудин Ахмед нареди биволот да биде поштеден, на купувачот да му се вратат парите и животното да биде преместено во Националната зоолошка градина во Дака.
– Во последен момент, беше донесена одлука биволот да се поштеди од жртвување поради безбедносни причини и невообичаено висок јавен интерес – изјавил претставник на министерството.
Сопственикот на животното, Зија Удин Мрида, рече дека обожавателите доаѓале да се фотографираат покрај необичното животно по неговата вирална интернет слава.
– Мојот помлад брат на шега го нарече Доналд Трамп кога ја виде косата на неговата глава. Тој е многу смирен. Албино биволите генерално се питоми и не стануваат агресивни освен ако не се испровоцирани – рекол Мрида.
ВИДЕО | Албино бивол именуван по Доналд Трамп поради фризурата, стана ѕвезда во Бангладеш


