Албино бивол наречен по Доналд Трамп во Бангладеш/Фото: EPA/MONIRUL ALAM

ВИДЕО | Албино бивол именуван по Доналд Трамп поради фризурата, стана ѕвезда во Бангладеш

Албино бивол, кој го нарекоа Доналд Трамп поради фризурата на американскиот претседател, привлекува мноштво луѓе во близина на Дака во пресрет на Курбан Бајрам, додека посетителите се собираат за да го видат неговото ретко светло крзно.

Биволот тежок 700 килограми му припаѓа на земјоделецот Зија Удин Мрида, а стекна популарност на социјалните мрежи благодарение на долгите, светли влакна, кои многумина ги споредуваат со фризурата на американскиот претседател Доналд Трамп. Во текот на мај, семејства, инфлуенсери и љубопитни локални жители доаѓале на фармата за да го фотографираат ова необично животно, пишува „Еуроњуз“.

Неговите чувари го капат четири пати на ден и внимателно го четкаат светлото крзно под неговите закривени рогови пред да пристигнат посетителите. Сопственикот тврди дека животното ослабело во последните недели поради постојаните метежи од луѓе и вниманието што го добива, па затоа фармата го  ограничила пристапот на јавноста.

И покрај ова, посетителите и понатаму пристигнуваат од соседните области, а некои дури патуваат со брод за да го видат биволот пред да започнат прославите за Курбан Бајрам на крајот од месецот.

Службениците од Одделот за сточарски услуги на Бангладеш наведуваат дека албино биволите се исклучително ретки поради намаленото производство на меланин.

Во Бангладеш, земја со повеќе од 170 милиони жители, се очекува да бидат жртвувани повеќе од 12 милиони животни во текот на Курбан Бајрам, еден од најважните празници во исламскиот календар.

Мриди признава дека ќе му недостасува биволот, но нагласува дека жртвувањето останува централен дел на верскиот празник.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот