Локални избори 2025 / Фото: „Слободен печат“, Драган Митрески

До 18:30 часот гласале само 28 отсто од избирачите

На повторените локални избори во четири општини денеска гласале вкупно 35.984 од 128.286 запишани избирачи, што претставува излезност од 28,07 проценти, соопшти вечерва Државната изборна комисија (ДИК).

По општини, излезноста до 18:30 часот изнесува: во Врапчиште гласале 8.659 избирачи, односно 31,76 проценти; во Гостивар гласале 23.363 избирачи или 28,22 проценти; во Маврово и Ростуше гласале 2.965 избирачи, додека, пак, во Општина Центар Жупа гласале 997 избирачи, што претставува најниска излезност од 13,18 отсто.

Од ДИК информираат дека на неколку избирачки места гласањето ќе продолжи од еден до два часа и 45 минути, поради прекини или задоцнето отворање на гласачките места.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот