Фото: Pixabay / akitada31

Скриен извор на енергија би можел да ја напојува Земјата 170.000 години: Научниците конечно знаат како да го пронајдат

Неодамнешните откритија укажуваат дека резервоари на водород се закопани во безброј региони во светот, вклучувајќи најмалку 30 американски држави. Овие резервоари би можеле да помогнат во глобалната енергетска транзиција, но досега геолозите не знаеја како се формираат овие резервоари и каде да ги најдат, пишува „Лајв саенс“ (LiveScience).

– Во овој момент, главната работа е да се открие каде водородот се ослободува, акумулира и собира – рекол Крис Балентин, професор по геохемија на Универзитетот во Оксфорд и главен автор на студијата за водородот во Земјината кора.

Во новата студија, објавена во „Nature Reviews Earth and Environment“, истражувачите наведоа список на геолошки услови што го стимулираат формирањето и акумулацијата на природен водород под земја.

Трите услови се: изворот на водород, карпите околу резервоарот и природните заптивки што го држат гасот под земја.

– Постојат десетина природни процеси што можат да создадат водород, а наједноставниот е хемиска реакција што ја разложува водата на водород и кислород – и секој вид карпа што е домаќин на барем еден од овие процеси е потенцијален извор на водород – рекол Балентин.

Според авторите на студијата, Земјината кора произвела доволно водород во последните милијарда години, така што, со сегашната потрошувачка на електрична енергија, имаме доволно енергија за следните 170.000 години.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот