Скоти Пипен е разочаран од Џордан и „Последниот танц“

twitter/Yardbarker

Поранешната НБА ѕвезда не е задоволна со начинот на кој е претставена во документарниот филм.

Според американските медиуми, легендарното крило на Чикаго е бесен на својот соиграч Мајкл Џордан и на продуцентите на „Последниот танц“ поради начинот на кој е претставен во документарниот филм.

– Се до последните минути од шестиот натпревар од финалето против Јута само се „удираше“ по Скоти – изјави Дејвид Каплан, новинар на ЕСПН.

Според новинарот чија телевизија го реализираше документарниот филм, Скоти е лут и бесен и на самиот Џордан.

– Го вознемири тоа што Џордан го нарече себичен поради одлуката да оди на операција непосредно пред последната заедничка сезона, наместо тоа да го направи за време на летото
– додава Каплан.

Слично размислување имаат и останатите новинари во САД кои ја следат НБА и случувања во и околу лигата.

– Скоти не се појавуваше премногу во јавноста, но од неговото опкружување се слушаат гласови дека е навреден и разочаран со серијата –
вели новинарката Џеки Мекмалан.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот