Скопскиот ресторан Мато Наполетано доби големо признание: Една од најдобрите 50 пицерии во Европа

Скопскиот угостителски ресторан Мато Наполитано се најде меѓу добитниците, па така, македонската метропола може да се пофали со една од најдобрите пици во цела Европа

За прв пат во историјата, македонски угостителски објект беше препознаен од строгите меѓународни инспектори на 50 Top Pizza и се најде помеѓу европската елита.

Милано, Италија, овој месец (12 мај) беше престолнина на пицата, во еминентниот Театро Сан Бабила во центарот на Милано,  50 Top Pizza ги прикажа најдобрите европски пицерии за 2022 година.

Рангирањето 50 Top Pizza Европа е дел од мрежата 50 Top Pizza, замислена и уредена од Барбара Гуера (врвен сомелиер и италијански мајстор дегустатор), Лучијано Пињатаро (www.lucianopignataro.it со еден од најпознатиот италијански линк во секторот за храна и вино) и Алберт Сапере (креаторот на 50 Top Pizza и еден од главните подржувачи на движењето за пица во Италија), кој го избира најдобрите пицерии во Италија и во светот.

Во една ноќ Милано беше европска престолнина на пицата, со присуство на пица уметници од 50 нации на Стариот континент.

Во рангирањето претставници на Франција, Шпанија, Англија, Данска, Австрија, Германија, Белгија, Швајцарија, Холандија, Португалија, Ирска, Финска, Полска, Словенија, Унгарија, Србија, Република Северна Македонија, Хрватска, Латвија, Романија, учествуваа во изборот за најдобри за 2022 година од 50 Top Pizza.

Скопскиот угостителски ресторан Мато Наполитано се најде меѓу добитниците, па така, македонската метропола официјално може да се пофали со една од најдобрите пици во цела Европа.

Голема чест, привилегија и задоволство е да се биде меѓу 50-те најдобри пицерии во Европа

По отварањето на траторијата во 2021, уште од првата пица, сонувавме да бидеме дел од фамилијата на 50toppizza, и еве, нашиот сон се оствари, вклучени сме во европскста престижна листа „50 top pizza“! Ни беше чест да добиеме награда и признание за нашата страст за врвна Наполитанска пица Наполетана. Голема благодарност до нашиот инзвореден тим и секако до сите наши прекрасни клиенти. Ова е многу горд момент за Мато Наполетано, велат оттаму по престижното признание од 50toppizza.


Комерцијален текст

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот