фото: facebook.com/judofederationofmacedonia

Скопје домаќин на Европски куп во џудо за јуниори

Скопје викендов ќе пулсира во ритамот на џудото, во периодот од 2 до 3 август, во Спортската сала „Јане Сандански“, ќе се одржи Европскиот куп за јуниори во џудо.

Станува збор за престижен меѓународен турнир во организација на Џудо федерацијата на Македонија кој се бодува за светската ранг листа.

Над 300 млади џудисти над 25 земји ќе се борат за бодови и слава на патот кон европските и светските првенства.

– Нашите македонски репрезентативци ќе ги одмерат силите со европската елита. Бидете дел од големиот спортски настан и почувствувајте ја магијата на џудото – стои во објавата на Џудо Федерацијата на Македонија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот