Скијачкиот феномен Линдзи Вон: На 41 година најбрза во Сент Мориц
Американката беше најбрза на првиот тренинг во Сент Мориц. Вон има една голема цел оваа година: олимписко злато
Линдзи Вон е вистински феномен. Американката има 41 година и со тоа е убедливо најстарата скијачка во спуст во Светскиот куп.
Препорачано
По бројни сериозни повреди, по хируршки пат и беше ставена протеза на десното колено.
И покрај тоа, по петгодишната пауза, Вон е повторно во конкуренција за победа во брзинските дисциплини. Победничката на 82 трки од Светскиот куп веќе го покажа својот потенцијал со второто место на неодмнешната супер-џи трка во Сан Вели (САД).
Денеска големата скијачка ѕвезда воодушеви на првиот тренинг за првата трка во спуст сезонава што ќе се вози во Сент Мориц в петок.
Вон заврши 59 стотинки од секундата пред второпласираната Норвежанка Кајса Викхоф-Ли. Софија Гоџа (Италија) заврши на третото место.
Четирикратната вкупна победничка на Светскиот куп и нејзиниот нов тренер и советник Аксел Лунд Свиндал имаат голема мисија оваа зима: злато на Зимските олимписки игри во Кортина (6-22 февруари).
Патеката „Тофана“ во Кортина е една од омилените патеки на Линдзи Вон. Американката веќе има 12 победи на Светскиот куп на таа патека за време на нејзината долга успешна кариера.


