Скандал на шпанскиот двор: Поранешниот зет на кралицата Летиција тврди дека имале афера

Фото: EPA-EFE/IDA MARIE ODGAARD DENMARK OUT

Главна вест во шпанските медиуми деновиве е прељубата на кралицата Летиција. Поранешниот зет на шпанската кралица, Хаиме Дел Бурго неодамна на социјалните медиуми излезе со сензационални тврдења против познатата дама, пренесува „Дејли мејл“.

Имено, тој објави фотографија со која тврди дека бил во врска со Летиција пред да се ожени со нејзината сестра Телма како наводен доказ за нивната љубов.

Овој 53-годишен претприемач, кој моментално живее во Велика Британија, неодамна во една книга за шпанската кралица раскажа дека тој и Летиција сè уште имаат чувства еден за друг, кога таа се омажи за кралот Фелипе, нејзиниот сегашен сопруг, во 2004 година.

Хаиме истакнува дека кога Летиција го запознала Фелипе, таа сè уште била во врска со него. Тој сподели и нејзино селфи кое го направила во бањата додека била бремена, за кое вели дека наводно му го испратила. На фотографијата таа е покриена со црн шал, а Хаиме нагласува дека нему му припаѓа.

„Љубов. Го носам твојот шал. Ме прави да се чувствувам како да си до мене. Се грижи за мене. Ме штити. Ги бројам часовите додека повторно се видиме. Те сакам“, пишува во пораката која наводно му ја испратила Летиција на Хаиме.

Содржината која е објавена лично од него на социјалната мрежа Икс, беше за многу брзо избришана.

Иако неговите тврдења и самата фотографија кренаа голема прашина, многу корисници на Интернет се сомневаат во валидноста на оваа информација, со оглед на тоа што нема докази дека кралицата Летиција му ја испратила оваа порака и фотографија.

Инаку, Хаиме, кој беше во брак со сестрата на Летиција, Телма од 2012 до 2014 година, изнесе низа обвинувања за неговата врска со кралицата за книгата „Летиција и јас“ потпишана од познатиот шпански новинар Хаиме Пењафиел.

Шпанските медиуми пишуваат дека Дел Бурго планирал да ја запроси Летиција кога таа објавила дека излегува со Фелипе, кој во тоа време сè уште бил престолонаследник. Откако беше објавена свршувачката во 2003 година, шпанската славна личност наводно побарала од Хаиме да ѝ биде кум на свадбата.

Овој претприемач, сепак, тврди дека тој и Летиција продолжиле да имаат романтична врска и по нејзиниот брак, а како доказ чувал пораки, фотографии и видеа. Тој наведува и дека во 2010 година му рекла дека го сака додека лежеле во хамак покрај базенот во нејзината куќа.

Наводно, после тоа таа и Дел Бурго планирале да најдат начин Летиција да се ослободи, па дури и побарале правен совет и гледале недвижнини во Америка

Едно од најскандалозните тврдења на 53-годишникот е она во кое открива дека тој и Летиција планирале заедно да имаат дете со помош на сурогат мајка во Лос Анџелес. Меѓутоа, таа ненадејно ја прекина нивната врска во август 2011 година, му се јавила и му рекла: „Не можеме повеќе да се видиме“.

Следната година, Дел Бурго се оженил со помладата сестра на Летиција, Телма, која многу личи на кралицата. Двојката се пресели во Њујорк, но Телма истата година се врати во Барселона, а во 2014 година објави дека се разведуваат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот