СИТЕ ЌЕ ВЕ ТУЖАМ: Главниот уредник одговорен за скандалозната насловна во Италија!

принтскрин/твитер

Претходно беше објавена скандалозната насловна страница на „Кориере дело Спорт“ што ја разгневи цела Италија во период кога се зголемија расистичките фудбалери кон црномурестите фудбалери.

Изворот донесе голем наслов „Црн петок“ со фотографија на црномурестиот напаѓач на Интер, Ромелу Лукаку и црномурестиот одбранбен играч на Рома, Крис Смолинг.

Иако со намера да се бори против расизмот, оваа насловна испадна спротивна, расистичка, а ја осудија големите клубови во Италија, како Милан, Фиорентина, Интер и Рома.

„Кориере дело Спорт“ сега одговори, поточно нивниот главен уредник, Иван Цацарони.

– Овде се работи евтини индикации. Доколку размислите убаво барем еднаш на ден, нема да мора да одите на лекар. Деновиве, десничарските луѓе кои идентификуваат расисти го преплавуваат Интернетот и се обидуваат да ја избришат дамката со неколку коментари. „Црн петок“, за оние кои го сакаат и можат да го разберат, пофалбата е разновидност, гордост на различноста. Доколку тоа не го разбирате, тоа е затоа што не сте способни за тоа. Невин наслов, совршено аргументиран, автор Роберто Пероне, претворен во отров од оние кои имаат отров во себе.

Им одговори и на клубовите кои јавно ја осудија насловната за чија е задолжен за уредување.

– На сите италијански клубови може да им биде срам. Низ „твит“ нè обвинуваат и тоа како? Само на англиски, со цел да предизвикаат реакции во странство. Борбата против расизмот е сериозна работа. Ваквите обвинувања се само лажен морализам со цел да добијат шампион на антирасизам. Доколку се осудат да ме обвинат за расизам, сите ќе ги тужам – додаде главниот уредник.

Намерата на изворот е можеби чесна, но изведена очајно, со многу лоша шега, на сметка на бојата на кожата на оние кои се токму „жртви“ на напад.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот