Скандалозна насловна страница на „Кориере дело Спорт“

Дерби натпреварот помеѓу Интер и Рома кој се игра утревечер (20.45 ч.), угледниот спортски весник „Кориере дело Спорт“ го најави со скандалозна насловна страница и ја револтира цела Италија.

Весникот кој има 100-годишна традиција, и кој два пати поставуваше рекорд во најпродаван дневен весник во Италија, на насловната страна ги постави Ромелу Лукаку и Крис Смолинг со голем скандалозен наслов „Black Friday“ (Црн петок).

Во време кога во Серија А се зголеми расистичките напади кон црномурестите фудбалери, „Кориере дело Спорт“ со мали под скандалозниот наслов напиша „ОД доаѓањето од Манчестер јунајтед во Италија станаа важни играччите во нивните екипи, зазедоа цврст став против расизмот и се ѕвезди во екипите кои се борат за Скудетото и Лигата на шампионите“.

Уредниците на весникот имаа со провокативната насловна страница имаа намера да се вклучат во борбата против расизмот, но ја промашија поентата и предизвикаа револт во цела Италија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот