Сиријка со само 11 година ќе учествува на ОИ во Токио

твитер

Хенд Заза, млада 11-годишна Сиријка обезбеди пласман на Олимписките игри во Токио откако славеше на азиските олимписки квалификации во пинг понг. Таа ќе биде најмладата учесничка на Игрите во Токио и петта најмлада во историјата на Олимписките игри.

Според официјалните податоци на Интернационалниот олимписки комитет, најмлад учесник во историјата на ОИ е гимнастичарот Димитриос Лундрас кој со само 10 години се натпреваруваше на првите модерни Игри во Атина 1896 година.

На Игрите во Токио постои голема можност да има уште еден 11-годишен натпреварувач, Скај Браун која настапува за Велика Британија во скејборд, но таа до стартот на Игрите ќе наполни 12 години.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот