Синот на Михаел Шумахер потпиша за Ф1 тим

EPA/RONALD WITTEK

Неверојатен ден во Формула 1, Мик Шумахер, синот за легендарниот Михаел, наскоро ќе го има своето деби во Ф1 откако потпиша договор со екипата на Хас.

Денот во најбрзиот спорт на четири тркала започна со веста дека возачот на Вилијамс, Џорџ Расел ќе го замени болниот од коронавирус, Луис Хамилтон, а неговото место во екипата ќе го зазеде Џејк Ејткен, а потоа тимот на Хас го извлече асот од ракавот.

Лидерот во генералниот пласман во Формула 2 и син на легендарниот Михаел Шумахер, Мик, во новата сезона ќе вози во Ф1.

Мик Шумахер ќе биде дел од тимот на Хас за наредната 2021 година, има 21 година и е член на академијата на Ферари. Тој е лидер во генералниот пласман вп Ф2 пред завршната трка која ќе се вози наредниот викенд во Бахреин. Мик моментно има 14 бода повеќе од најголемиот конкурент и е на добар пат во Формула 1 да дојде како шампион во Ф2.

– Многу сум горд бидејќи можам да го потврдам доаѓањето на Мик. Формула 2 отсекогаш бил добар избор за возачи кои можат да го потврдат својот талент, а нема дилеми дека Мик покажа дека во себе има натпреварувачки дух, победуваше и е редовен на победничкиот подиум. Верувам дека е подготвен за Формула 1 – изјави Гинтер Штајнер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот