профимедиа

Сингапур разви специјален материјал кој служи како „облога за прозорско стакло“ за заштеда на енергија

Тим експерти од Технолошкиот универзитет во Сингапур разви специјален материјал кој служи како „облога за прозорско стакло“ и има за цел да заштеди многу енергија. Кога стаклата се обложени со овој материјал, тие стануваат термички паметни: реагираат на температурата на околината, однесувајќи се различно во лето и зима. Облогата се состои од ванадиум диоксид и полиметил метакрилат, што го подобрува изолацискиот капацитет на прозорецот, а важно е да се истакне дека не содржи електронски компоненти.

Ефикасен прозорец кој автоматски ја заробува топлината во зима и ја ослободува во лето би можел да биде економичен и широко применлив начин за заштеда на енергија. Ова е од исклучително значење бидејќи прозорците се најчувствителниот дел од секоја зграда – дури 60% од енергијата се губи низ нив.

Процесот на губење на енергија се нарекува „радијативно ладење“: во лето, прозорците се загреваат однадвор и ја пренесуваат топлината во внатрешноста, додека во зима се загреваат одвнатре и ја ослободуваат топлината кон надворешноста. Затоа, прозорците не се ефикасни во одржувањето на посакуваната температура во зградите.

Научникот Лонг Ји, со група меѓународни експерти, разви модел на прозорец кој независно го вклучува или исклучува ефектот на радијативното ладење, во зависност од неговата температура. Научниот тим го обложи стаклото од едната страна со тенок слој ванадиум диоксид. Тоа е соединение кое се менува од изолатор во спроводник на одредена температура. Научниците додадоа волфрам во ванадиум диоксидот за да ја намалат температурата на премин од 68°C на 28 степени, што ги прави прозорците корисни во реални услови.

Кога надворешната температура е пониска од таа точка на премин (28°C), прозорецот го блокира инфрацрвеното зрачење и топлината се заробува внатре. Кога температурата е повисока, прозорецот ја пропушта топлината внатре и ја рефлектира надвор.

Креаторите тврдат дека овие прозорци би можеле да се инсталираат низ целиот свет и дека – тие работат преку целата година – што драстично би ја намалило потрошувачката на електрична енергија, а со тоа и емисијата на штетни гасови. Сепак, научниците нагласуваат дека се потребни дополнителни подобрувања за да се направи производството исплатливо – издржливоста и ефикасноста во блокирањето на инфрацрвеното зрачење се приоритети во следните чекори од истражувањето- пишува Каматица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот