фото: EPA/SARAH YENESEL

Синер го елиминираше Циципас и ќе игра против Ѓоковиќ за финале во Ријад

Италијанскиот тенисер Јаник Синер го победи Стефанос Циципас во четвртфиналето на егзибицискиот турнир „Слем на шест кралеви“ во Ријад, со резултат 2:0, во сетови 6:2, 6:3.

Синер го доби својот четврти дуел против грчкиот тенисер Циципас во нивната 10 средба.

Италијанецот ќе игра против Новак Ѓоковиќ (Србија) во полуфиналето на спектаклот во Саудиска Арабија.

Во второто полуфинале ќе се сретнат Тејлор Фриц (САД) и Карлос Алкараз (Шпанија). Победниците ќе го играат финалето во сабота, додека поразените ќе го играат мечот за третото место истиот ден.

На секој учесник на спектаклот во Ријад му е загарантирана награда од еден и пол милион американски долари, додека победникот на турнирот ќе инкасира импресивни шест милиони долари.

Распоред на мечевите:

Среда, 15 октомври:
Александер Зверев – Тејлор Фриц 0:2 (3:6, 4:6)
Јаник Синер – Стефанос Циципас 2:0 (6:2, 6:3)

Четврток, 16 октомври:
Карлос Алкараз – Тејлор Фриц (полуфинале)
Новак Ѓоковиќ – Јаник Синер (полуфинале)

Сабота, 18 октомври:
Меч за трето место
Финале

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот