Симптом на ковид кој најчесто се јавува кај вакцинирани пациенти: Започнува на првиот ден од инфекцијата

Вакцинација против ковид-19 кај тинејџер
Вакцинација против ковид-19 кај тинејџер / Фото: EPA-EFE/ETIENNE LAURENT

Покрај вообичаените симптоми на ковид, како што се замор, болки во грлото и главоболка, особено кај претходно вакцинирани пациенти, често се појавува уште еден симптом.

Според податоците собрани од апликацијата „ZOE Health Study, дијареата е чест симптом на ковид кај вакцинирани пациенти. Зголемување на бројот на луѓе кои го пријавиле овој симптом се случил во јануари 2022 година, првенствено кај оние кои претходно примиле две или три дози од вакцината, но сепак се заразиле со новиот вид.

Ковид-19 коронавирус
Фото: Pexels

Дијареата може да биде ран симптом на вирусот, кој започнува на првиот ден од инфекцијата и се влошува во текот на целата недела, пишува „Independent“.

„Обично трае два до три дена во просек, но кај возрасните може да трае и до седум дена“, наведува тимот на ЗОЕ, но потсетува дека има и „бран други стомачни вируси кои не се КОВИД“.

вакцинација илустрација
Вакцина против ковид / Фото: EPA-EFE

Податоците покажаа дека овој симптом станува помалку распространет со секоја варијанта, бидејќи речиси една третина од возрасните над 35 години пријавиле дека имале дијареа за време на алфа брановите, додека само еден од пет изјавил дека го имал дијареа за време на брановите Омикрон и Делта.

Ако наидете на овој проблем по позитивен тест за корона, советот е да внимавате да останете хидрирани, да одморате многу и да јадете кога ќе почувствувате дека можете.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот