Симоновски: Жалам што не можам да им помогнам на соиграчите во Перм

Фото: kfsm.mk

Се надеваше до последeн момент, беше уверен дека може, но лекарските прогнози не одеа во негова корист. На крајот, во договор со стручниот тим на нашата сениорска репрезентација беше одлучено, Марко Симоновски да не биде на списокот на патници кои денеска отпатуваа за Русија.

Повредата на листот на левата нога беше посилна од желбите на искусниот бек-шутер..

– Многу сакав да бидам со соиграчите во Перм. До последен момент бев убеден дека повредата на листот на ногата ќе биде санирана навреме. Почнав да работам одвоено со Ерен Хангун, но проценките беа дека во овој момент ризикот од обновување на повредата е преголем. И дека ќе мора да продолжам со терапијата.

Тоа и ќе го направам. Со оглед на тоа дека е пауза во првенството, наредните денови ќе ги искористам за максимална рехабилитација. И да бидам спремен за следните обврски. Жалам што не можам да помогнам. Но, искрено се надевам, убеден сум дека без мене во Перм ќе обезбедиме место на Европското првенство. Им држам палци на соиграчите да го направат тоа – констатира и посакува Симоновски.

Искусниот бек беше дел до нашата селекција на претходното „редовно“ гостување во Перм, кога загубивме од Русија со (77:67). Одигра 20 минути во кои реализираше четири поени и едeн скок.

Македонската репрезентација во Перм со Димитријевиќ и Ѓуроски

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот