Силвер: Пред мај нема разговори за продолжување на НБА

– Мислам дека е рано, бидејќи не можеме да предвидиме каде ќе бидеме во наредните неколку недели – вели комесарот на НБА.

Во САД моментно во светот има најмногу потврдени случаи на коронавирус, бројката расте секојдневно и поради тоа можно е спортот да доживее нови одложувања.

Комесарот на најсилната кошаркарска лига на светот Адам Силвер истакна дека НБА нема да води разговори за продолжување на сезоната пред 1 мај, а можеби тоа нема да се случи ни тогаш.

– Им кажав на сите минатата недела да прифат дека барем до крајот на април нема да бидеме во состојба да решиме околу било што. Не мислам дека ќе можеме да разговараме на 1 мај, но, тоа не значи дека нема да разгледуваме различни опции за да ја продолжиме сезоната. Мислам дека е рано, бидејќи не можеме да предвидиме каде ќе бидеме во наредните неколку недели – рече Силвер за телевизијата „ТНТ“.

Една од опциите што ја разгледува НБА лигата е преостанатите натпревари да бидат одиграни во еден град, и воедно плеј-офот биде пократок. Она што НБА не сака е да остане без завршување на натпреварувачката сезона и без шампион.

До прекинот на сезоната во Источната конференција водеше екипата на Милвоки Бакс со учинок од 53 победи и 12 порази, пред Торонто Репторс (46-18), а на Западот лидер беше Лос Анџелес Лејкерс (49-14), а втор Лос Анџелес Клиперс (44-20).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот