Шведските ракометари славеа во скандинавското дерби за четвртфинале, Црна Гора без шанси против Полска

фото: EPA-EFE/Bjorn Larsson Rosvall

Црна Гора беше поразена од кодомаќинот Полска со резултат 27:20 (11:8, 16:12) во натпреварот од второто коло во главната фаза од групата „1“ на Светското ракометно првенство.

Пред оваа средба веќе беше познато дека Шпанија и Франција од оваа група се пласираа во четвртфиналето, а во престижниот меч Полјаците покажаа дека се моментно подобра репрезентација од Црна Гора.

Домашната селекција до победата ја предводеа Једрашчик со шест гола и Шичко со пет гола. Најдобри во редовите на селекторот Рогановиќ, како и обично, беа двајцата Вујовиќ, Милош со пет и Бранко со гол помалку, исто толку постигна и Чепиќ.

Во групата „2“ се одигра големото „скандинавско“ дерби кое го судеа Ѓорѓи Начевски и Славе Николов од Македонија. Шведска, уште еден домаќин на првенството, беше подобра од Исланд со 35:30 и така се пласираше во четвртфиналето.

Најефикасни во репрезентацијата на „трите круни“ беа Пелас со осум и Екберг со шест гола. Во редовите на Исланд блескаше Елисон, кој постигна осум гола.

Светско првенство 2023 Полска/Шведска

Главна фаза
Второ коло, резултати –

Група „1“
Словенија – Шпанија 26:31
Иран – Франција 29:41
Црна Гора – Полска 20:27

Табела:

1. Франција 8 бодови
2. Шпанија 8
3. Словенија 4
4. Полска 2
5. Црна Гора 2
6. Иран 0

Трето последно коло, двојки (22 јануари) –
Црна Гора – Словенија
Иран – Полска
Шпанија – Франција

Група „2“
Зеленортски Острови – Португалија 23:35
Бразил – Унгарија 25:28
Исланд – Шведска 30:35

Табела:

1. Шведска 8 бодови
2. Португалија 5
3. Исланд 4
4. Унгарија 4
5. Бразил 3
6. Зеленортски Острови 0

Трето последно коло, двојки (22 јануари) –
Зеленортски Острови – Унгарија
Бразил – Исланд
Шведска – Португалија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот