Швајцарија полесно ќе дава работни дозволи за странци

Фото: ЕПА-ЕФЕ

Работниците од странство кои сакаат да работат во Швајцарија отсега полесно ќе добиваат работна дозвола, откако властите во земјата ја олеснија процедурата за издавање работни дозволи за странци, пишува веб-страницата „Шенген виза инфо“.

Со измените, квалификуваните работници од странство ќе може да добијат работна дозвола доколку има потреба од тоа, бидејќи тоа е во економски интерес на државата. Меѓу другото, швајцарските кантони може побрзи да издаваат документи за промена на работната дозвола од вработен во самовработен, за странските работници кои веќе се во земјата.

Освен тоа, процедурите за некои барања за работни дозволи се скратени, за да нема потреба од одобрување на ниво на конфедерација. Отсега и немада се наплаќа повеќе за забрзана постапка за добивање работна дозвола.

Невработеноста во Швајцарија изнесуваше само 2,1 отсто во 2022, а земјата, со просечна месечна бруто плата од околу 6.700 евра, е една од најатрактивните за вработување кај иселениците од целиот свет.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот