Штутгарт во судиското продолжение го шокира Баерн, трето реми по ред на баварците

Фото: EPA-EFE/RONALD WITTEK

Актуелниот германски шампион Баерн Минхен и во третиот натпревар по ред во Бундеслигата одигра нерешено, овој пат баварците пред своите гледачи одиграа 2:2 против Штутгарт. За шокот на навивачите на Баерн да биде поголем, Штутгарт до израмнувачкиот гол дојде во судиското продолжение.

И покрај ремито, во Баерн имаат причина и за задоволство бидејќи минатогодишното засилување од Рен, Французинот Матис Тел, собори два рекорди против Штутгарт.

Тел стана најмладиот стартер во историјата на Баерн Минхен, а во 36 минута. Стана и најмладиот стрелец на баварскиот во Бундеслигата со 17 години и 136 дена.

Штутгарт израмни во 57. преку Фурих, а три минути подоцна уште еден тинејџер на Баерн, Мусиала повторно му донесе водство на актуелниот шампион. Победата на домашните ја расипа Гираси во втората минута од судиското надополнување .

Во дербито на колото, на „Ред Бул Арената“ Лајоциг со 3:0 славеше над Борусија Дортмунд. Головите вредни три бода ги постигнаа Орбан во шестата, Собослаи во 45. и Хаидар во 84. минута.

Херта одигра 2:2 против Баер Леверкузен, Хофенхајм славеше со 4:1 против Мајнц, а Волфсбург како гостин со 1:0 го победи Ајнтрахт.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот